Луѓето повеќе не се сакаат
Отидов на прошетка. Да го прошетам и умот, да го испасам поголемо количество трева. Да испасе дури и повеќе од потребно. Без овци, само трева, зеленило. Сакав да видам нов свет. Макар сиромав, без трошка леб, некапан, смрдлив, но достоинствен. Макар бил на улица.
Дојдов до онаа уличка во која живееја бездомниците. Таму беше хорор и ужас, но јас бев бестрашлива. Бев дојдена да понудам помош, макар и ме ограбиле. Впрочем, сите пари што ги понесов беа за нив, знаев дека ним им беа попотребни од мене. Јас бев гладна само за љубов, почит и вистинско другарство. Лебот барем во денешно време се наоѓа за мали пари, а добрината само ја преплаќаш.
Погледот ми го зеде една жена стуткана помеѓу куп стари и валкани работи. Водена од женскиот инстинкт, веднаш помислив како би ми било мене. Ние жените сме послаби, колку и да се бориме во животот. Во такви услови не би преживеале долго. Застанав пред нејзе и ме погледна со нејзините смарагдни очи. Таква боја не се заборава, редок примерок. Останатите црти не можев да и’ ги видам, нејзиното лице беше премногу калливо, не знаев дури ни каква е нејзината боја на кожа. Имаше доза на гнев во неа, како да не знаеше како да му се помоли на обичниот смртник како мене со ситни пари во џебот кои би ја спасиле од денешната глад од толку што му беше бесна на животот. Брцнав во џебот и сите пари и’ ги дадов нејзе. Таа ја пружи раката. Смрзнатата рака. Се’ уште беше гневна, но може со полн стомак подобро се размислува. Надвор беше ладно, и’ го подадов и капутот. Знам дека бев збесната од мода, но таа беше збесната од студ.
Моето дело не беше за Нобелова, но знаев дека нечиј живот спасив.
А, не ни добив ништо од тоа. Не ни сакав.
Барем знам дека таа нема ништо лошо да ми направи.
За два дена ми се јави управничката. Звучеше бесно, знаев дека ќе ми кажува лоша вест. Отидов до фирмата и ме пречека со фотографии. На нив бев јас, како се наоѓам во сиромашна уличка под сомнителни околности. Да бев некој друг, и јас ќе се запрашав што ли правам. Не ми беше страв бидејќи знаев дека правев добро дело.
-Од сигурни извори дознавам дека се занимаваш со лоши бизниси, знаеш - незаконски, и приморана сум да ти дадам отказ. Самиот фотограф ја сликал „робата“ која си ја купувала или препродавала. На твоето место веќе најдов друга којашто ќе ја работи твојата работа. Јасно ти е дека твојата позиција ја сакаат многумина и не знам како успеа да паднеш олку ниско и да си ја упропастиш кариерата. Еве ја личноста која ќе те замени.
Таму седеше таа која ќе ги сонува моите соништа. Седната победнички, со исправено тело и крената глава. Со насмевка која значеше Те победив! Со продорен поглед кој не се заборава. На себе ги имаше смарагдните очи кои не може човек да ги заборави, реткиот примерок Ја топлеше моето палто кое не и’ беше потребно, бидејќи не беше повеќе надвор во бездомничката улица.
Овојпат беше чиста, но била извалкана одвнатре.
Да, и’ ги дадов сите мои пари.
И’ ги дадов сите мои идни пари.
И’ ја дадов сета моја добрина на една обична измамничка.
-Ќе кажеш нешто за последно?
-Да, госпоѓо - луѓето повеќе не се сакаат.
Марија Лозаноска
16.3.2015, понеделник