Доста ми е!
Доста ми е од расипани утра.
Од расипани луѓе.
Од расипани професии, аматери и неписмени.
Доста ми е од вас со купените дипломи и со работата преку врски.
Доста ми е!
Преку глава ми е!
Ми влегуваат под кожа, ми ја иритираат душата, ме прават невредна.
Доста ми е да се чувствувам невредна!
Не си ти никој да ми го расипеш денот.
А, можеш да бидеш човек да ми го поправиш.
Доста ми е од невозвратени повици и упорни повици.
Да се лажеме и сешто да си кажеме.
Доста ми е без љубов, доста ми е од лажна љубов!
Светов се преполнил од злоба. Ќе пукне.
Ќе пукнам и јас, доста ми е.
Премногу ми е.
Лошите работи можат да дојдат и наутро, може да ти го земат сонот навечер, можат да ти го расипат ручекот. Расипан ќе биде од секакви познати, непознати, уличари и дами. Не знаеш кој што е. Улицата навлезе во училиштата, а училиштата во улицата. Научниците безделничат, а кецарите ни продаваат ум. Оние испостените неверници, со причесната в недела, а со злобата в понеделник. Па ќе речеш доста! Престанете, ереси! Да бидеме луѓе меѓусебно. Чунки, се разбираме и на странски јазик, но не се разбираме како луѓе.
Доста е.
А, премногу сум културна да им речам така. Ќути, не се спуштај на нивно ниво! Додека јас не се спуштав, тие ме спуштија и ме срамнија со земјата. Ме гледаат од високо и си ги лечат своите нервози, комплекси и фрустрации. Прашуваат работи што не е нивно за да ги решат. Кога ќе се дозаврши факултетот, зошто не работиш. Наместо такви сериозности, ајде да го прошараме денот и да прашаме дали имаме симпатија, наместо кога ќе се омажиме. Наместо да прашуваме постојано кога ќе дојдат децата, кога ќе се вдомиме.
Доста!
Знаеме, не се секирајте. Не ни ја ставајте секирата на глава и не ни го преполовувајте мозокот. Не ни го уништувајте за да не сфатиме што правите. Бидејќи вие не знаете колку немаме пари да го дозавршиме факултетот, не знаете зошто не ја работиме посакуваната работа. Не знаете дали некој нѐ побарал за жена за да се омажиме ниту не знаете зошто децата сѐ уште не доаѓаат. Не знаете ни колку ни е сложно семејството за да го поправиме домот. Не знаете ни кога ви е доста.
Престанете.
Би им рекла најмногу ДОСТА на лошите работи. Нека не доаѓаат наеднаш сите заедно. Но, не можам да им речам. Не можам ни да им речам на сите лоши луѓе, ситуации, околности.
Тие ќе постојат, можеш само себеси да си речеш ДОСТА.
Да речеш доста на нервозата, ставањето при срце.
Но, не и на толерантноста, љубезноста, културата.
Не ни е доста од такви луѓе, остани таков!
Речи доста само на мрзливоста, неволјата и црните мисли.
Стани и речи дека си најсилен, дека си над сите, дека не се тие над тебе!
Дека не вредат, дека ти вредиш повеќе.
Не им викај нив, само себе, остани доследен.
Добрите денови, исто како и лошите, ќе дојдат сите наеднаш.
Да, имав таков ден. Со расипано утро од расипани луѓе со расипани сништа.
Си реков ДОСТА е, невредно е.
Се испукав врз она што го знам, се испукав врз зборови.
Направи го и ти тоа врз она што најдобро го знаеш.
Не врз злобните, не добиваш ништо.
Остани вреден таков каков што си.
Доста е за почеток.
Марија Лозаноска
17.11.2015, вторник