Сите приказни зад мојот грб
- Ене ја, пак нешто изведува! Се кривоколчи, зема сè најдобро, а не заслужува! Ја виде каква се направила? Стока, на ништо не личи! На девојка не личи! Како ли е тој до неа, да не е поради нејзините пари? Ма, сигурно, сите се дружат со неа поради парите. Па, за што друго? Или нешто дава што се троши. Потрошна роба е велиш? Или е наивна само. Кутричка. Ма, ајде, ќе ја остави за брзо време, почекај, како тој претходниот што ѝ направи. Ех, јас знам многу за неа, само уста да не отворам...
Грбот мој викаат имал лице. Некое тажно, сожалувачко, не влевало никаков страв. Некое кое трпело секаква тага, секакво исмевање, секаква измислица. Она лице на кое можеш да му кажеш сè без да почувствуваш трошка вина за злобнотилакот низ зборови.Такво било моето лице.
А, јас не слушам и не гледам ништо кога му се обраќаат.
Можеби затоа што очите ми се на друго место.
Устата од која ќе им вратам на трето.
Таму имам само грб, не му зборувајте нему!
Да, сум помислувала да одам некаде далеку. Заедно со мојот грб. Но, таму каде што ќе заминам нема да можат да му зборуваат. Ќе има едно ранче на него во кој ќе го соберам целиот мој живот. Ќе го стуткам на две-три и ќе одам да ги барам луѓето кои ќе ми зборуваат пред очи. Нема да барам од нив нешто убаво за мене, туку само искрено. Да ми кажат што навистина не ми чини и јас можеби ќе се поправам. Можеби по укажаните зборови ќе постанам подобра личност, повреден човек. Можеби тоа место што ќе го барам ќе биде зад некои седум ридја и планини, ќе го чуваат по седум змеја со седум вистини и лаги. Можеби ќе треба да одгатнам нешто од зададените анаграми, но нема да ми биде тешко. Потешко ми е да слушам од зад грб.
Полесен ќе ми биде дури и животниот ранец.
Луѓето тамошни ќе го гледаат само ранецот, не грбот. Но, нема да се запрашуваат што носи мојот грб, ќе знаат дека сум талкач и дека сакам да видам и најдам подобро место во светот. Тамошните луѓе ќе ме погледнат в лице. Ќе ме видат во очите. Ќе ми видат еден океан од солзи неисплакан поради сите лаги што ги слушнал мојот грб. Ќе видат неиздрано дете, немо играјќи човек на планетава. Пробувајќи да биде нерасипано дете во универзумов. И знам дека ќе ме видат. Ќе ме знаат многу повеќе од оние кои секој ден ме гледаат, но не ме знаат, бидејќи никогаш не ме слушнале да им проговорам, да им кажам зошто сум ваква и зошто така правам. Но, нема никогаш нив да им кажам. Со грб не се зборува, со грб само се озборува.
Дотогаш, додека не го најдам градчето од исполнети желби зад седум ридја и планини, ќе одам наведната со грбот натежнат од сите разговори кои ги водел со љубопитните разговарачи. Можеби ќе одам сè уште со океанот од солзи во себе поради зборовите што ги слушнав зад мојот грб, а се направив наудрена. Но, барем, дури и да ги исплачам, нема да ме видат.
Нека ме гледаат само во грбот натежнат.
Но, еден ден, ќе биде натежнат само од ранчето со живот.
Спремен да оди кај луѓе што им треба само за да го прегрнат.
Марија Лозаноска
1.10.2014, среда