Писмата од него
Пеперутко пеперуткосана,
Нашата пошта има многу поплаки од мене. Знаеш дека првото писмо ми го вратија? А, толку се радував дека ќе го добиеш. Писателке моја најсакана, за тебе научив и на германски да пишувам! Тој дел каде што живееш, биле многу лути на напишаната адреса, морало на германски! Ете, пеперутко моја, за тебе и гуглам и учам јазик и собирам нерви. Само да си ми ти добра. Писателке моја, среќичке моја!
Сакам слики, сакам бакнежи, сакам љубов да ми пратиш од таа Лозана! Зошто да ти е тешко? Зарем ти немам покажано колку те сакам? Зарем не собра сила од мене? Толку те малтретирав од прегратчиња пред да заминеш, што редно е да покажеш колку испирација собра од нив. Јас те наполнив со фантазија за романи за три твои животи. И онака твојот за мене вреди како за десет сакани луѓе. Ти си мојата паметница, мојата најомилена Писателка.
Не му се лути на старчето. Знаеш дека така прави за твое добро. Знаеш дека таму ќе успееш. Не те викнаа за џабе тебе, не те одбраа туку-така. Сѐ уште не знаат колку потенцијал имаш како што знам јас, но ќе видат, ќе се уверат. Не знаат дека ти им даваш живост на обичните работи, на секојдневните ситуации. Стилските фигури ги голташ како вкусен залак, со сласт. Не знам од каде само ти текнуваат сите тие споредби. Ох, со што ли те заслужив тебе... Гледаш? Станав романтичар, се надминувам себеси. Тоа ми ги правиш, пеперутко моја лекокрила.
Јас сум добро. Сите прашуваат овде за тебе. Велат, кога ќе си ја издала првата книга отпечатена таму. Имаш многу верни читатели во Македонија, јас сум им основач на клубот. Го нареков „Писателката од Лозана“. Нели магично звучи? Само не се откажувај. Тешко е, знам. Но, ќе успееш, ти си мојата најинспиративна писателка. Па што ако не сум до тебе? Направи си приказна од тоа, создај тажни љубовни приказни, луѓето сакаат да слушнат дека не се сами во својата болка, дека таа се случува секому. И од најлошото извлечи најдобро...
Те сакам премногу, моја писателке.
Секогаш те мислам, не верувај во спротивното.
Ќе ти пишувам секогаш, за кога ќе се вратиш да бидеш мојата позната Писателка од Лозана.
Ти праќам бакнежи од топлата Македонија :*
Твојот Најсакан <3