Писмо 1...
Пеперутко моја,
Паметиш кога така ми рече за првпат? Јас да, како вчера да беше...
Многу ми недостигаш. Секоја минута на тоа помислувам. Го разгледав малку градот, направив и по некоја фотографија. Но, сум сама на нив, а сакав заедно. Сакав да ме гушнеше онака како само ти знаеш. Тешко ми е овде, ми треба да ми ја дадеш таа сила. А, ја немам ни за да го довршам ова писмо. Ти пишувам вака затоа што сакам да знаеш, додека чекаш да пристигне, колку ми е мене тешко додека го творам. Затоа сега ќе ти напишам само кратко.
Почнав да пишувам за издавачката куќа. Ми рекоа дека мора да напишам токму тогаш и таму некаков текст, да видат колку ме бидува за инспирација. Велат дека писатели има на секој чекор денес, но нив им требале некои што навистина си ја знаат работата. Навистина сакам да успеам, па потоа ти да се гордееш со мене и да речеш: „Браво, тоа е мојата најсакана - Писателката од Лозана.“ Ќе одам сега, морам да го фатам следниот автобус. Ќе ти пишам во следното писмо.
До следното пишување,
Писателката од Лозана :*

|
Следува...
|