Една поинаква литература, еден поинаков блог.
Писателката од Лозана
  • Почетна
  • Колумни
    • Замката наречена искреност
    • Кај работиш сега?
  • Текстови
    • Добре дојдов - добре најдов
    • Оскаровци
    • Живот во шише
    • Приказните кои нѐ расплакаа
    • Се заљубив, па што?
    • Биди дама, биди џентлмен
    • Те изгубив, така и ми треба
    • Сите се исти
    • Кец по љубов
    • Како си, дали денес ме сакаш?
    • Како и да е, бев среќен со тебе
    • Машкоста не ми дава
    • Денес си посакав среќа
    • Сеирот и градот
    • Ластик, миженка, маваш ти ....
    • Ако Пепелашка живееше денес...
    • Сакај ми го срцево, изгледот ми се менува
    • Студен студент во студентски
    • На истото место, без истите луѓе
    • Совршено сум несовршена
    • Девојката која не бакнуваше жаби
    • Ако бев момче...
    • Улица „Питулица“, број стој
    • И овој Божиќ те сакам
    • Насмевни се, грешките се за да научиме
    • Допуши, дољуби и оди
    • Заедно без причина
    • Не си фер што замина, Тоше...
    • Дали Ѕверот е ѕвер ако солза покаже?
    • Ме игнорираш како ѐ во „се“
    • Среќо, ти ли го измисли Св. Валентин?
    • Ти никогаш нема да се смениш
    • Со чувства си папучар, без нив си скот
    • Порасна твојата наивка
    • Поучна приказна: Жената што била во право
    • Јас, тој и сите негови „бивши“
    • Убава си, но нема да ја замениш
    • Ми недостигаш, човеку!
    • Трпи кога си добар
    • Ќе те видам ли и тебе за Велигден?
    • И сѐ уште старомодно сакам
    • Камо да заборавиме колку се повредивме
    • Молчи, не ми говори за љубов!
    • Како станав твоевина
    • Прости ми, срцето го заборавив кај неа
    • Ме повреди, но ме направи посилна
    • Не мора да им се допаднеш на сите
    • Пред тебе имав живот, врати ми го
    • Ти убавице, заслужуваш подобар
    • Жалам, луѓето не почитуваат, туку користат
    • Глумам среќа за туѓи таги
    • Ќе бев среќна денес ако останевме заедно?
    • Сите приказни зад мојот грб
    • Ќе болиш секој 16-ти
    • Никогаш за него убава
    • Алиса во светот на Селфи-лајкни-ја
    • Девојката што ја чекав
    • И далеку е доволно блиску
    • Здраво, се викам Лоша Користољубива
    • Има датуми што болат
    • Секој дочек те чекам тебе
    • Среќна Нова, чао стара
    • Девојчето без кибритчиња
    • Бадник е, врати се...
    • Кога празниците ќе завршат...
    • Нели ќе останеше и остареше со мене?
    • Не сакам ваков живот со тебе
    • Луѓето повеќе не се сакаат
    • Велигден е, спомни ги саканите
    • Болиш кога молчиш, телефону
    • Годишници од последното збогум
    • Денот кога нема да ме имаш
    • Љубам ли погрешно?
    • Лајк - единица мерка за вредност
    • Свадбата е само за народот
    • Љубов во витрина
    • Еве, те ослободувам, уживај
    • Во ред е да не е во ред
    • Кое ли лице денес да ставам?
    • Ајде уште да зборуваме за Тоше
    • Се викав Њ
    • Вредам, не ме понижувај
    • Доста ми е!
    • Исфилман живот
    • Мирисот на обновата - Големото Л
    • Не зборувај во множина
    • Валентине, јас љубев цела година
    • Не ми е лесно, мила
    • Го изгубив упатството за преболување
    • Тагите зад мојата насмевка
    • Неважна за големиот град - Другата
    • Те нареков Бадник
    • Во потрага по добриот човек
    • Навикни се, уште ќе те повредуваат
    • Одговорни за туѓи постапки
    • Зошто толку драма?
    • Проклето те нема
    • А, само требаше повеќе да се љубам
    • Десетгодишната тишина
    • Недокупеното време
    • Драга 'очајна' девојко...
    • Не, болката нема да биде вечна
    • Чекајќи ги вистинските пријателства
    • Сакам човек наспроти мене
    • Совршена за да бидам љубена
    • Ќе нè победуваат сè додека им се плашиме
    • Депресијата наречена 'празник'
    • И тебе ќе те преживеам
    • Пресметка во љубовта
    • Ти благодарам што те изгубив
    • Многу работи не ти кажав
    • Исплашени од туѓите успеси
    • Седи дома, Земјата се реновира
    • Се разбираш во поправање животи?
    • Танцувај додека можеш
    • Смири се, што ќе речат другите
    • Им простив
    • Ти не си настаните во твојот живот
    • Кога ќе го најдеш мирот
    • Убава си кога си прифатена
  • Поезија
    • Тишина
    • Нацртано, обоено, несфатено
    • Срам
    • Големото Л >
      • Венко Андоновски за „Големото Л“
      • Универзитетски професори за Големото Л
    • Кафез
    • Кукла
    • Сокол
    • Змија на срце, среќа на лице
    • Слушни ме, ти пеам
    • Зар и ти, сине Бруте?
    • Карванот помина, јас не излајав
    • Кој ти лежи на срцето?
    • Лавица
    • Ти држам среќа, Леа!
    • Кога почнав да се сакам себеси - Ч. Чаплин
    • Кога престанав да те љубам

Велигден е, спомни ги саканите

Picture
   Надвор сонцето светнало. Сите нѐ вика. Нѐ вика да се разбудиме од мракот, од ладното, од омразата, од неверството. Да се разбудиме во една подобра верба кон Господа. 
   Велигден е.
   Ајде да се сакаме.

   Секогаш ми доаѓа да ги гушнам на Велигден оние што ми недостигаат. Макар ми згрешиле, макар уште не сме проговориле. Да ги гушнам и да им кажам дека сѐ е во ред. Дека отсега нема да го има оној јаз меѓу нас. Велигден е, треба да се сакаме! Убав ден е, за нас христијани - најсреќен. 

    Но, што да правам со оние што ги нема? Како да ги гушнам кога не се до мене? Ме научил овој ден дека треба да верувам во чуда, дека најдоброто на овој свет излегува на површина во секаков облик. Како Исус во јајцето. Дали го кршам за да го најдам оној што не го гледам во него? Дали зад црвената боја се скрила љубовта која одамна не ја чувствувам? Не знам што прават оние што ги сакам. Често пробувам да ги најдам на овој ден. Да скршиме јајце, да скршиме муабет. Да ја скршиме омразата која нечесните и лоши луѓе ни ја пренеле. Сакам да ги спомнам, сакам да ме спомнат. Таков е денот.
      Велигден е.

     Христос нѐ учи дека треба да се сакаме и во војни, треба да сме чесни и во крадење, треба да сме верни и во лаги, треба да сме великодушни и кај злобни, треба да веруваме и кога никој не верува во нас. Треба да сакаме и тогаш кога мислиме дека никој не нѐ сака. Но, кога започна лошото да прави од нас такви луѓе? Да чекаме празник за да си посакаме среќен живот? Не е секој ден Велигден, но секој ден во нас е Воскресение. Секој ден треба да ја воскреснеме душата, секој ден треба да си спомнеме дека некој за нас полага жртва, се бори за нас, ни посакува најдобро. Тој што ни посакува најдобро е тука секогаш за нас - се вика Исус Христос. Не се појавува само на Велигден во форма на обоено јајце, туку се јавува во форма на мајка, татко, брат, сестра, пријател, познаник, партнер, другар... 
     Сите имаме свој сакан, и ако не можеш секој ден - спомни го на Велигден.

   Ќе има денови кога не се тука. Ќе немаш шанса да ги видиш, ќе немаш шанса да им посакаш да е напомош денов. Ако ги сакаш - спомни ги. Повикај ги, смири ги, насмевни се, напиј се кафе, почести ги посна трпеза. На Велигден дај им јајце. На децата напрај им црвено-бело-дебело, и дозволи им тие да го скршат јајцето. Подари им го најубавото од твојата кошница. Подари им ги најубавите денови во годината на саканите - подари им го Велигден.

    Ја немаме сите таа среќа да ги видиме оние што ги сакаме на Велигден.
    Славете го денов со нив додека можете, додека сте тука, додека се сакате.
    За такви работи Христос воскресе.
    Да, навистина воскресе.


     Марија Лозаноска
​     
11.4.2015, сабота


<< Лајк - единица мерка за вредност
Болиш кога молчиш, телефону >>

Powered by Create your own unique website with customizable templates.